Плакат за четвртиот книжевен „Диптих за Скопје“

Книжевното читање „Диптих за Скопје“ со Ивана Јовановска и Иван Шопов ќе се одржи во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ на 28 ноември, од 20 часот, ќе се одржи четвртиот „Диптих“, односно настанот „Диптих за Скопје“ – книжевно читање, споредбена анализа и разговор со авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.

„Диптих за Скопје“ е настан што се состои од книжевно читање со авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Целта на настанот е да го доближи творештвото на Ивана Јовановска и Иван Шопов, и тоа имајќи го токму градот како тема во фокусот, тема што им е својствена и блиска на овие современи македонски автори, едниот поет, а другиот прозаист.

За сличностите и за разликите во пристапот ќе говори Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“. Настанот е поддржан од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот