фото: твитер

„Класика“ по 50 пат, Ѓоковиќ против Федерер! (ВИДЕО)

На последниот дуел Швајцарецот беше подобар на Завршниот мастерс турнир во Лондон минатата година во ноември со 6:4 и 6:3.

В четврток од 09.30 часот наутро по македонско време ќе се игра првиот полуфинален меч на грен слем турнирот „Австралија опен“ помеѓу Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Тоа ќе биде јубилејна 50 битка меѓу двајцата тениски великани, а моментно води српскиот ас во меѓусебните дуели со 26:23.

На последниот дуел Швајцарецот беше подобар на Завршниот мастерс турнир во Лондон минатата година во ноември со 6:4 и 6:3. На тој начин ја прекина низата на Ноле од четири победи по ред која траеше од 2015.

– Новак игра одлично тука. Тој е шампион, особено во Австралија и овде сака да игра. Имавме епски мечеви во минатото. Морам да се чувствувам подобро, во спротивно ќе одам на скијање – рече Федерер после триумфот над Тенис Сандгрен.

Во минатото имало навистина возбудливи пресметки меѓу двајцата тенисери, во продолжение можете да ги погледнете најинтересните резултати:

– 2020 „УС Опен“, полуфинале: Ѓоковиќ (3 носител)-Федерер (2 носител) 5:7, 6:1, 5:7, 6:2, 7:5.
– 2011 „Ролан Гарос“, полуфинале: Федерер (3)-Ѓоковиќ (2) 7:6, 6:3, 3:6, 7:6.
– 2011 „УС Опен“, полуфинале: Ѓоковиќ (1)-Федерер (3) 6:7, 4:6, 6:3, 6:2, 7:5.
– 2014 „Вимблдон“, финале: Ѓоковиќ (1)-Федерер (4) 6:7, 6:4, 7:6, 5:7, 6:4.
– 2019 „Вимблдон“ финале: Ѓоковиќ (1)-Федерер (2) 7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12 (7-3).

Потсетување дека во втората полуфинална битка во Мелбурн в петок во истиот термин Доминик Тим ќе ги одмери силите против Александар Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот