Тим последен полуфиналист, подобар од Надал во четири сета

twitter/#AusOpen

Петтиот носител го совлада Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралија Опен со 3:1 во сетови.

Доминик Тим е последен полуфиналист на Австралија Опен откако по четири часа и 13 минути голема борба во четири сета со 7:6,7:6,4:6,7:6 го победи Рафаел Надал.
Австрискиот тенисер во полуфиналето ќе игра против Александер Зверев, и ова ќе биде прво полуфинале за него на Австралија Опен.

Во првите два сета, Надал прв доаѓаше до брејк предност, но Тим и во двата наврати успеваше да се врати во игра и во тај брејкот да ги освои и двата сета. Одличната игра и на двајцата тенисери беше главна одлика на нивниот дуел. Тим имаше повеќе среќа, но и максимално ги користеше своите шанси.

Во третиот сет, немаше ниту една шанса за брејк во првите девет гема, за потоа Надал при резултат 5:4 да ја искористи првата укажана шанса и да го освои сетот.

Четвртиот сет започна со брејк шанси за Надал, тој дури три брејк топки не успеа да реализира, по што во наредниот гем, Тим ја искористи својата шанса и дојде до брејк за водство од 2:1 во гемови.
Австриецот предноста ја чуваше се до самиот финиш кога му „се стегна“ раката и наместо да го освои сетот со 5:4, тој му дозволи на Надал да направи брејк и да ја продолжи неизвесноста која траеше се до тај брејкот.

Во него, Тим беше поуспешен, ги искористи подароците од Надал и триумфира со 8:6.
Во првото полуфинале, кое се игра утре сабајле (9.30 ч.) ќе играат Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, додека наредниот ден, во петок, ќе играат Тим и Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот