Ќе биде неизвесно: Оган најави поддршка за Киличдароглу во вториот круг од изборите во Турција, но му постави услов

Двајцата кандидати со најголем број гласови освоени во првиот круг од претседателските избори во Турција, Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу, ќе се натпреваруваат во вториот круг на 28 мај.

Турскиот националистички претседателски кандидат Синан Оган, кој заврши на третото место на изборите во неделата, денеска изјави дека може да го поддржи главниот опозициски кандидат Киличдароглу во вториот круг само ако се согласи да не прави отстапки на прокурдската партија.

Оган освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

За актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ.

За главниот ривал на Ердоган – Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите.

За да победи во првиот круг, кандидатот мора да добие 50 отсто плус еден глас.

Инаку најголем број гласови во Истанбул доби Кемал Киличдароглу – 48,55 отсто, додека Ердоган доби 46,69 отсто. Интересно е и тоа што европскиот дел на Истанбул го поддржа опозицискиот кандидат, додека азискиот дел на Истанбул гласаше за Ердоган. Инаку, Истанбул беше управуван од партијата на Ердоган АКП до локалните избори во 2019 година, но потоа Екрем Имамоглу ја освои власта во најголемиот и најбогат турски град, пред Републиканската народна партија (ЦХП) предводена од Киличдароглу.

Како гласаше внатрешноста во Турција: Kаде води Ердоган а каде Киличдароглу пред вториот круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот