Киргистан остана без претседател: Соронбај Женбеков поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков поднесе оставка денеска по политичките превирања во државата.

– Не ја држам власта. Не сакам да останам во историјата на Киргистан како претседател кој пролеваше крв и пукаше кон сопствените граѓани. Затоа донесов одлука за оставка, нагласи Женбеков во изјавата.

Киргистан, земја со 6,5 милиони жители, сместена на границата со Кина, беше втурната во хаос по гласањето на 4 октомври, откако опозицијата обвини дека изборите биле нефер со купување гласови и со други нерегуларности.

Демонстранти потоа ги зазедоа владините згради, ограбувајќи некои канцеларии, а Централната изборна комисија ги поништи изборите. Женбеков воведе вонредна состојба во главниот град што беше одобрена во вторникот од парламентот.

Властите распоредија војници во Бишкек за време на викендот и воведоа полициски час. Овој потег ги намали тензиите во градот, но започнаа да формираат групи за заштита на имотот. Продавниците и банките кои беа затворени минатата недела повторно се отворија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот