Кинескиот суд одлучи: Останува смртната казна за канадскиот граѓанин

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кинескиот суд ја поддржи смртната казна против канадскиот граѓанин Роберт Шеленберг, пренесува Гардијан.

Шеленберг беше приведен во Кина уште во 2014-та година, кога беше обвинет за шверц на 225 килограми метамфетамин во Австралија. Во 2018-та година тој беше осуден на 15 години затвор, но откако тој поднесе жалба за повторно судење, народниот суд во Далиан нареди негово погубување.

Овој е еден од најмалку двата случаи на канадски притвореници, кои денеска треба да ги слушнат своите пресуди во Кина. Набљудувачите и странските власти овој случај го именуваа како „заложничка дипломатија“ од страна на Кина.

Утрово кинескиот суд во Шенјанг го одби барањето на Шеленберг, кој бараше да се промени пресудата, со која му беше изречена смртна казна поради шверц на дрога.

Од судот велат дека фактите кои биле применети во претходните судења се чисти и доказите се „чисти и доволни“.

Амбасадорот на Канада во Кина, Доминик Бартон беше присутен на судењето на Шеленберг, а потоа изјави дека Канада ја осудува одлуката под секој можен услов.

„Ја повикуваме Кина да му даде милост на Роберт Шеленберг. Ние го искажавме нашиот спротивен став на суровата и несекојдневна одлука на судот. Ќе продолжиме со нашите барања до кинеските власти“ изјави Бартон.

Пренесувањето на дрога во Кина се казнува строго, а судскиот систем во земјата е познат како нетранспарентен, успешноста на жалбите во тие судови се многу ретки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот