Кинескиот претседател се сретна со претставници на американски компании

Си Џипинг/ Фото EPA-EFE/BAY ISMOYO / POOL

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со претставници на американската деловна, стратешка и академска заедница во Пекинг.

На состанокот, кој беше организиран од Националниот комитет за американско-кинески односи, американско-кинескиот деловен совет и аналитичкиот центар „Asia Society“, биле поканети 20-тина компании, а разговорот траел околу 90 минути.

Според извештаите на кинеските медиуми, на разговорите присуствувале Стивен Шварцман, ко-основач и извршен директор на приватната компанија „Блекстон“, Раџ Субраманиам, директор на американската компанија FedX и Кристијан Амон, директор на производителот на чипови Qualcomm.

Кина оваа година е насочена кон економски раст, откако странските инвестиции во земјата паднаа за осум отсто минатата година, бидејќи загриженоста на инвеститорите се зголеми поради законите за антишпионажа, полицискиот час и рациите на консултантски фирми.

На претходната средба на Си со странските деловни лидери во Сан Франциско во ноември, кинескиот премиер беше пречекан со овации на гала вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот