
Кинески хуманоиден робот се запиша на докторски студии на Универзитетот во Шангај
Првиот хуманоиден робот во Кина, наречен Суеба 01 (Xueba 01), е примен на докторски студии по драмски уметности и филм на една од најпрестижните уметнички академии во земјата, што предизвика големо внимание и дебата на кинеските социјални мрежи.
Препорачано
Роботот е заеднички развиен од Шангајскиот универзитет за наука и технологија и компанијата „DroidUp Robotics“, пишува „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Неговото име „Суеба“ е популарен кинески термин за исклучително успешен и посветен студент.
Според медиумскиот весник „Шанггуан њуз“ со седиште во Шангај, Суеба 01 е висок 1,75 метри, тежи околу 30 килограми и може физички да комуницира со луѓе.
Има лице на згоден возрасен маж, со силиконска кожа што овозможува детални изрази на лицето.
Облечен во очила, кошула и панталони, toj комуницира со луѓето на мандарински јазик.
На 27 јули, Шангајската театарска академија (STA), едно од водечките уметнички училишта во Кина, официјално го прими Суеба 01 во својата докторска програма за време на Светската конференција за вештачка интелигенција.
Toj ќе продолжи со четиригодишен докторат по драма и филм, со фокус на традиционалната кинеска опера, и се очекува да се јави на кампусот на 14 септември.
Висината на школарината не е откриена. Програмата за докторат по роботика е дел од истражувачката иницијатива на STA за спојување на уметноста и технологијата.
На Суеба 01 му е доделена виртуелна студентска легитимација, а негов ментор е познатиот шангајски уметник и професор Јанг Kингкинг.