Кина ветува дека ќе даде сè од себе за да го врати мирот на Блискиот Исток

Кинеско знаме/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кина, која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН, ќе направи се што може за да го врати мирот на палестинските територии, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи, додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат.

„Кина ќе направи се за да го повика Советот за безбедност да ги исполни своите одговорности, да ја одигра својата улога, да изгради консензус и да преземе одговорни и значајни активности што е можно поскоро за да се олесни актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и да се врати мирот“, изјави портпаролот на министерството Ванг Венбин на редовната прес-конференција.

Изјавата на Кина доаѓа откако Израел ја засилува својата воена офанзива против палестинската исламистичка група Хамас. Кина минатата недела го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН.

Конфликтот на Блискиот Исток е на врвот на агендата на Советот за безбедност во ноември, изјави Џанг Јун, постојан претставник на Кина во ОН, пренесуваат државните медиуми.

„Императив е да се промовира прекин на огнот и да се запрат борбите, да се спречат дополнителни цивилни жртви, да се спречи хуманитарна катастрофа од поголеми размери и да се спречи ширењето на конфликтот“, рече Џанг, цитиран од Кина Дејли.

Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток, Џаи Јун, штотуку ја заврши турнејата низ регионот. Џаи, кој поради кризата се сретна со лидерите на неколку земји, причината за кризата меѓу Израел и Газа ја припиша на немањето гаранции за правата на Палестинците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот