Ким сака внимание од САД

EPA
Ким Џонг-Ун / Извор: EPA-EFE/KCNA

Во јапонските префектури Мијаги и Јамагата околу 7:50 часот се огласија сирените за воздушен напад, а редовната ТВ програма беше прекината за да се предупредат луѓето да одат во засолништа, пишува Би-Би-Си.

Јапонската крајбрежна стража предупреди дека проектил лансиран од Северна Кореја лета над Јапонија. Ова не е ништо ново и невообичаено за Јапонците бидејќи слично сценарио се случи минатиот месец. За среќа, проектилот овојпат не ја прелета Јапонија. Јужнокорејски воени извори тврдат дека ракетата паднала во Јапонското Море при летот.

После тоа, Јапонците можеа да се релаксираат и да се вратат на вообичаените утрински рутини. Но, дали е ова навистина така? Како тие да се опуштат кога соседната земја постојано истрелува проектили кон соседите без предупредување или каква било информација за нејзината цел? Ова не е нормално и вообичаено однесување на една држава, пишува британскиот медиуим. Ракетата може да го загрози воздушниот и поморскиот сообраќај, но исто така може да експлодира во секое време и потенцијално да ги загрози животите на многу цивили.

Не утешува ниту фактот дека тоа се случи само еден ден откако Северна Кореја истрела рекорден број проектили во морињата на Јужна Кореја. Се поставува прашањето дали Ким Џонг-ун сака на овој начин да го привлече вниманието на САД и да им ја покаже својата воена моќ? Особено затоа што вчера се одржаа среднорочни избори во САД.

ИНФОГРАФИК: Колку ракетни тестови има извршено Северна Кореја?

Воените аналитичари веруваат дека ваквото однесување на Пјонгјанг е само увертира за нешто посериозно – нуклеарен тест или тест на балистичка ракета со долг дострел на Пацификот, или можеби и двете. Нивната цел е веројатно да ги подигнат тензиите и да ги исплашат сите околу нив, а потоа да бараат отстапки од Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Сепак, причината на Ким можеби е тоа што тој сè уште е далеку од усовршување на својата ракетна технологија. Ваквите проектили, откако ќе бидат лансирани во вселената, мора повторно да навлезат во земјината атмосфера, што подразбира дека тие мора да можат да издржат огромни температури и голем притисок. Ракетите на Ким Џонг-ун досега не се покажаа како успешни, па ова може да биде обид за нивно подобрување.

Ракетата лансирана во четвртокот прелета дури 2.000 километри во вселената, а потоа стрмно се спушти. Можеби Пјонгјанг сака да ги поштеди Јапонците од стресот на проектилот што ќе влезе во нивниот воздушен простор, но исто така е можно ова да е само уште еден нивен неуспех, пишува Би-Би-Си.

Но, дали Јужна Кореја и Јапонија се оние кои Северна Кореја сака да ги заплаши? Веројатно не, бидејќи нема некоја причина токму сега за тоа. Со овие „експерименти“ тие веројатно сакаат да им се заканат на САД со интерконтинентална балистичка ракета способна да носи нуклеарно оружје, заклучува британскиот медиум.

ИНФОГРАФИК: Колку ракетни тестови има извршено Северна Кореја?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот