Ким и Кендал Кардашијан се избламираа: Кога ги изговорија овие зборови, цела сала им се смееше (ВИДЕО)

Profimedia

Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на наградите Еми, а улогата за презентерки на наградата за најдобро реално шоу им припадна на сестрите Ким Кардашијан и Кендал Џенер.

Сестрите излегоа на бината за да ја доделат наградата во категоријата Најдобра реалити серија, која практично и не постоеше додека не беше прикажана првата епизода од нивното шоу „Во чекор со Кардашијанови“.

Пред да ја врачат наградата, Ким и Кендал одржале говор, поради кој публиката ги исмеала.

„Нашето семејство од прва рака знае дека вистинската телевизија доаѓа од вистински луѓе кои пред камерите се однесуваат како и зад нив“, рекла Ким, а Кендал се надоврзала.

„Раскажувајќи ги своите приказни без никакви филтри и сценарија“, рекла таа.

Ова предизвикало ерупција кај публиката и смеа во целата сала, иако никој всушност не ни помислил дека двете дами се шегувале.

Причина за смеењето е контрадикторноста на нивната изјава, бидејќи е јавна тајна дека учесниците во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанови“ сè снимаат врз основа на сценарио.

Судејќи според изразите на лицата, Ким и Кендал не биле среќни поради реакцијата на публиката.

Погледнете како изгледаше сето тоа.

Прозивките и саркастичните коментари се преселиле од салата на социјалните мрежи.

https://twitter.com/David_Onda/status/1175934969333649409?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1175934969333649409&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FOaIx2F1rq%2F

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот