Кичевски: JСП „Скопје“ заедно го упропастија медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска

За само една година новата локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и го донесе до целосен колапс јавното сообраќајно претпријатие. Поради неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка која се занимава само со тендери и провизии, јавниот превоз не функционира. Долгот во ЈСП, за само една година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го заглавија ова јавно претпријатие и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање.

Ова е ставот на претстедателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, во врска со актуелните случувања во ЈСП „Скопје“. Тој смета дека тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата.

Нема долг на Владата, тоа е само очаен обид за манипулација и прикривање на неспособноста, обид сопствената вина да ја префрлат на некој друг. JСП „Скопје“ го упропастија заедно, медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Заедно ветуваа бесплатен превоз за скопјани, а сега велат друг дека треба да се грижи за ЈСП. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска јавно да одговорат: дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување на нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари? Дали медарот и шпицен градоначалник Мицкоски и неговата градоначалничка повторно ги ставиле рацете во медот и на сметка на платата на вработените во ЈСП е направен криминал? – вели Кичевски.

Како што соопштува Кичевски, жртви на ваквата неспособна и неодговорна градска власт на ВМРО-ДПМНЕ се само жителите на градот Скопје.

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, ги повкуваме да не се кријат, да седнат да работат и јавно да понудат решение за проблемот кои самите го создадоа – вели претстедателот на Градската организација на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот