Ќерката на Гадафи е симната од европската црна листа

Аиша Гадафи по професија е адвокат, дипломирала на францускиот универзитет Сорбона, а во 2004 година со група адвокати го бранеше поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин

Европскиот суд донесе одлука Аиша Гадафи, ќерка на поранешниот либиски лидер Моамер, дeка не претставува закана за мирот во регионот и дека може да биде избришана од европската црна листа.

Во одлуката на судот се нагласува дека Аиша Гадафи повеќе години не живее во Либија и не учествувала во политичкиот живот на земјата од поранешна Џамахирија, пренесува агенцијата Анса.

Аиша Гадафи по професија е адвокат, дипломирала на францускиот универзитет Сорбона, а во 2004 година со група адвокати го бранеше поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин

Од 2009 година е амбасадор на добра волја на Обединетите нации. Таа е единствената ќерка на поранешниот либиски претседател, а од 2015 година живее во Оман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот