Фото: Stephen Lock/i-Images / Eyevine / Profimedia/Принтскрин/Јутјуб

Кејт Мидлтон на посебен начин ѝ оддаде почит на принцезата Дијана на божиќниот концерт „Заедно на Божиќ“

Пристигнувајќи во Вестминстерската опатија оваа вечер, пред остатокот од нејзиното семејство, Кејт Мидлтон се појави во црвено палто во комбинација со црна кадифена машна, дизајнирано од Сара Бартон за Александар Меквин – дизајнерот на нејзината венчаница, уште во 2011 година.

Кејт која е домаќин на традиционалниот божиќен концерт „Заедно на Божиќ“ кој години наназад се одржува на 6 декември, се чинеше дека не изгледаше само пригодно облечена за една празнична свеченост, туку со својот стил ѝ оддаде почит на пинцезата Дијана, која често ја носеше истата нијанса на црвена боја со слична црна машна.

Фото: Stephen Lock/i-Images / Eyevine / Profimedia

Принцот Вилијам подоцна пристигна со принцот Џорџ, Луис и принцезата Шарлот – секој облечен во нијанси на иста темно црвена боја, што совршено одговара за таква празнична вечер.

Иако принцезата Кејт можеби не работеше голем дел од годината, поради лекувањето од кнцер, се чини дека полека се враќа на својот вообичаен работен распоред, откако веќе се појави во јавноста оваа недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот