Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Вработените во палатата открија детали за кралското семејство: „Кејт Мидлтон го третира принцот Вилијам како четврто дете“

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се во брак од 2011 година, а 29 април ќе прослават 14 години откако се заедно. Иако се под постојана лупа на јавноста поради нивната позиција, сепак многу детали за ниниот однос се непознати, а токму за тоа пишува Том Квин во својата книга „Да, госпоѓо: Тајните животи на кралските слуги“.

Том Квин разговараше со поранешниот и сегашниот персонал на палатата за да дознае како е да се живее во замокот Виндзор.

„Фокс Њуз“ побара коментар од Кенсингтонската палата за она што е наведено во книгата, но не доби одговор, додека пак од Бакингемската палата изјавиле: „Ние не коментираме такви книги“.

Она што Том Квин го открил во својата книга, а го привлече вниманието на јавноста е „четвртото дете на Кејт Мидлтон“. Познато е дека принцезата и принцот од Велс имаат три деца, Шарлот, Џорџ и Луис, сепак познатиот автор тврди дека Кејт има уште едно дете, самиот Вилијам, кон кого принцезата се однесува како  мајка.

„Повремено, Вилијам е малку нервозен ако работите не одат како што треба. Но, Кејт е многу добра во справувањето со неговиот бес, на ист начин како што се справува и со бесот на нивните три деца. Токму затоа,  вработените се шегваат дека Кејт го третира Вилијам како четврто дете бидејќи понекогаш се однесува како едно од нив“, изјавил Квин.

Вилијам изгледа многу присебно во јавноста, но зад сцената е сосема друга приказна.

„Не знам каде би бил денес Вилијам без Кејт… Таа го смирува кога малку ќе се возбуди,  вели дека понекогаш мора да се однесува со него како со четврто дете“.

Нејзиниот сопруг и Чарлс III се многу комплексни

„Костумите мора да се испеглаат и подготват по консултација од претходната вечер, чевлите мора да бидат подготвени и вратоврски одбрани. Купката мора да биде подготвена во исто време секој ден, а кралот Чарлс и принцот Вилијам може да добијат напади на бес ако работите не се направат како тие што замислиле“, тврди член на персоналот во палатата, додавајќи:

„Двајцата се нервираат многу брзо. Луѓето кои се навикнати други да работат за нив уште од детството, генерално се разгалени и склони кон напади на фрустрација затоа што немаат поим колку работа е  потребна за секој еден детал да биде совршен,  кога никогаш самите не направиле ништо од тоа“.

Том Квин нагласи:

„На многу начини, Вилијам имаше лошо детство. Не мислам само затоа што неговата мајка, принцезата Дијана, почина кога имаше 15 години, што само по себе е огромна загуба. Секој можеше да разбере дека тоа е многу штетно за него. Но, пред тоа разделбата на неговите родители беше исто така јавна. Сите непријатни работи меѓу неговите родители се одиграа на светската сцена. Во меѓувреме за него се грижеше платен персонал“.

Тој додаде дека Вилијам сакал да поминува време со семејството на Кејт Мидлтон пред нивниот брак, бидејќи му се допаднало тоа што тие се „обично“ семејство. Така е и денес.

Токму затоа принцезата од Велс инсистирала да биде целосно вклучена во воспитувањето на своите деца, наместо да ги остави на платениот персонал, како што беше случајот со Вилијам и Чарлс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот