Кејт Мидлтон доби признание од кралот Чарлс: Таа е прва во кралското семејство што доби ваква чест

Кралот Чарлс и принцезата Кејт / Фото: EPA

Кралот Чарлс ја одликува принцезата Кејт Мидлтон за годините кои ги посвети на јавната служба. Таа беше назначена во „Орденот на почесни придружници“. Првпат по 100 години на член на кралското семејство да му е доделена оваа чест, како дополнителен доказ за огромната почит што монархот ја има за принцезата од Велс, пишува „Дејли мејл“.

Кејт стана член на „Орденот на почесни придружници“, кој беше основан од кралот Џорџ Шести во 1917 година за да ги признае извонредните достигнувања во уметноста, науката, медицината и јавната, националната служба. Освен што ова е благодарност за извонредното извршување на нејзините должности, во текот на речиси 13 години (од кога се омажи за принцот Вилијам во 2011 година), тоа е и признание за нејзиниот придонес во уметноста.

Наградата не е директен подарок од кралот, но Кабинетот делумно ја спроведува по негова препорака.

Веста за наградата доаѓа откако беше објавена фотографијата на принцот Луис во чест на неговиот шести роденден и шест дена пред 13-годишнината од бракот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Со бракот со принцот од Велс, таа официјално стана член на британското кралско семејство, а по таа венчавка започнаа низа нејзини јавни ангажмани. Таа најпрво ја носеше титулата војвотка од Кембриџ, а минатата година Чарлс Трети ѝ ја додели титулата принцеза од Велс.

Наградата е еден од поновите потези од ваков вид на кралот Чарлс, односно понова награда која вклучува почести за четворица постари членови на кралското семејство, меѓу кои се Кејт, Вилијам и кралицата Камила.

Кејт Мидлтон се врати на социјалните мрежи: Принцезата сподели емотивна објава, прва откако откри дека има рак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот