Ќе има самба на „Енфилд“, Клоп тргна по двајца бразилски суперталенти

EPA-EFE/PETER POWELL

Ливерпул нема намера да биде хиперактивен во летниот преоден рок, а со доаѓањето на Јирген Клоп за тренер, екипата купува рационално и само тоа што им е неопходно.

Затоа Клоп во летниот преоден рок ќе се фокусира на иднината и ќе се обиде да донесе двајца суперталенти од Бразил, Талес Магна и Гаставо Маја.

Магна има само 17 години, но веќе е дел од првиот тим на Васко де Гама, а игра на позицијата крилен напаѓач. Во Бразил го гледаат како наследник на Нејмар.

За него постои интерес од голем број на европски екипи меѓу кои се Манчестер јунајтед, Бенфика, Порто, Барслеона, Челси, а бразилскиот клуб за да се откаже од Магна бара 40 милиони евра.

Густаво Маја има 19 години и игра во Сао Паоло, а Клоп во него ја гледа идеалната замена за Садио Мане.

„Црвените“ за потписот со Маја ќе имаат голема конкуренција во Барселона која веќе платила 3.5 милиони евра на Сао Паоло само за да го добие правото прва да преговара со одличниот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот