Казнети 140 возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење на сигурен појас…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот