Казнети 12 возачи поради брзо возење

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 12 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал законските ограничувања.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи 17 биле нерегистрирани, четири возила затоа што биле технички неисправни и едно возило поради претовар.

Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот