Католичко училиште во САД по совети од егзорцисти ги отстрани сите книги за Хари Потер од својата книжара

Приватно католитичко училиште во Нешвил, САД ги отстрани сите книги за Хари Потер од својата книжара, бидејќи „вклучувале чудни магии, кои можат да ги повикаат лошите духови“, пишува Гардијан.

Локалните медиуми пишуваат дека свештеник на католичката црква Свети Едвард, во која се школуваат деца во предшколска возраст, како и деца од основното образование, ги известил родителите дека разговарал со неколку егзорцисти, кои му советувале овие книги да бидат исфрлени од нивната книжара.

„Овие книги ја претставуваат магијата како да има своја добра и лоша страна, што не е вистина. Се работи за паметна измама“, стои во соопштението на приватното католичко училиште.

Директорката на училиштето изјави дека не станува збор за цензура, туку за избор на литература во книжарата која е погодна за возрастна на децата кои посетуваат одредено училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот