Директорот на ЦИА Вилиам Бурнс и лидерот на талибанците Гани Барадар/ Фото: EPA

Катар им помогнал на директорот на ЦИА и талибанскиот лидер да се сретнат

Катар помогна да се организира состанок меѓу Вилијам Барнс, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), и талибанскиот водач Абдул Гани Барадар, објави Си Ен Ен.

Добро информиран извор на Си Ен Ен во Вашингтон посочува дека оваа средба покажува колку е сега важна улогата на Катар за политичката иднина на Авганистан.

Фактот дека Барнс се сретна со Барадар укажува дека меѓу нив се гради врска која може да и помогне на американската разузнавачка заедница да развие врски со талибанците, со цел потенцијална идна соработка во борбата против тероризмот.

Си Ен Ен претходно објави дека средбата била наложена од претседателот Џо Бајден, што сведочи за фактот дека Барнс е човек на Бајден од најголема доверба и еден од најискусните дипломати-ветерани во тимот на американскиот претседател.

Бајден под притисок, САД бара повеќе време за евакуација од Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот