фото: социјални мрежи

Касами најави изградба на Саат кулата во Тетово: Додаваме уште една атракција на нашиот богат град

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на денешната прес-конференција ги објави проектите во областа на културата, ако го добие вториот мандат од граѓаните.

Еден од најважните проекти, како што рече, е изградбата на Саат кулата која постоела во Саат маало.

„Со тоа му го враќаме на Тетово неговиот оригинален идентитет и му додаваме уште една туристичка атракција на нашиот богат град. Покрај тоа, ќе изградиме современа библиотека и читална, опремени со современа литература, простории каде што младите ќе можат да учат и да се развиваат. Ќе формираме општинска културна установа, ќе воспоставиме нови културни и уметнички манифестации и ќе ги поддржиме младите креатори“, рече Касами.

Тој образложи дека на почеток на првиот мандат биле организирани десетици настани, активности, фестивали и организации на збиднувања поврзани со културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот