Фото: Unsplash

Кардиолозите откриваат едноставен начин на кој можеме да го пресметаме ризикот од срцеви болести

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, одземајќи околу 17,9 милиони животи секоја година, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Имајќи ги предвид овие факти, важно е да знаеме кој е нашиот ризик. Можеби веќе знаеме некои од факторите кои можат да нè стават на зголемен ризик: висок холестерол, висок крвен притисок, дијабетес и седечки начин на живот.

Меѓутоа, постои уште еден фактор на ризик за кој многумина не се свесни, а тоа е високиот сооднос помеѓу половината и колковите. Нашиот сооднос помеѓу половината и колковите е споредба на нашиот обем на половината и обемот на колковите. Високите соодноси покажуваат дека околу средината на телото има повеќе маснотии, што се покажало како фактор на ризик за срцеви болести.

– Знаеме дека висцералните маснотии, односно мастите околу половината, се поврзани со зголемениот кардиоваскуларен ризик, вклучително и мозочниот и срцевиот удар, бидејќи се поврзани со зголемени фактори на ризик како што се високиот крвен притисок, дијабетесот и високиот холестерол – вели кардиоваскуларниот специјалист и кардиолог, д-р Лаура Верде, за „Парад“.

Освен тоа, кардиологот д-р Сам Сетарех тврди дека големиот обем на половината и високиот сооднос меѓу половината и колковите се фактори на ризик за срцеви болести. Тој укажал на научното соопштение на Американското здружение за срце во врска со поврзаноста на дебелината и кардиоваскуларните болести, во кое се нагласува дека обемот на половината е фактор на ризик.

– Обметот на половината не е само показател за смртност, туку е поврзан и со кардиоваскуларниот ризик поради висцералното масно ткиво, или висцералните масти, во абдоминалната празнина – објаснува д-р Сетарех.

Значи, за да дознаеме колкав е нашиот сооднос меѓу половината и колковите, д-р Верде вели да  користиме метар за мерење на обемот на половината. Метарот прво го обвиткуваме околу половината, а потоа околу колковите.

– Поделете го обемот на половината со обемот на колковите за да го добиете бројот на соодносот – објаснила докторката.

Се заклучува дека идеалниот сооднос помеѓу половината и колковите за мажи е 0,94 или помалку, а за жените 0,85 или помалку.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот