Илустративна фотографија за мерење крвен притисок / Фото: Profimedia

Кардиолог тврди: Оваа здрава грицка го намалува крвниот притисок за само 4 недели

Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми во светот и е поврзан со сериозни ризици за срцето и крвните садови.

Иако е чест, и понатами е многу опасен – само во 2023 година бил примарна или придружна причина за повеќе од 600.000 смртни случаи. Експертите нагласуваат дека исхраната, физичката активност и лековите играат клучна улога во неговата контрола, а она што го јадеме, вклучително и ужините, може значително да влијае на притисокот, пишува „Парада“ (Parade).

Кардиологот д-р Тарикшах Сајед објаснува дека постојат едноставни и здрави замени за солените грицки што често ги консумираме, а кои можат да имаат позитивен ефект врз крвниот притисок. Наместо чипс, переци или солени пуканки, тој препорачува несолени ф’стаци, бидејќи содржат хранливи материи кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок и го штитат срцето.

„Ф’стаците се богати со калиум, антиоксиданти и растителни стероли, кои помагаат во намалувањето на ЛДЛ холестеролот и го поддржуваат здравиот крвен притисок“, вели д-р Сајед за „Парада“.

Тој додава дека ф’стаците содржат и влакна кои го врзуваат холестеролот во дигестивниот систем, со што дополнително го чуваат здравјето на срцето, додека здравите масти во нив го зголемуваат ХДЛ, односно „добриот“ холестерол.

За да ги постигнете ефектите, д-р Саид препорачува приближно 30 до 55 грама дневно. Според истражувањата, редовната консумација на ф’стаци може да донесе мерливо подобрување на крвниот притисок веќе по само четири недели. Тој советува да се изберат несолени или благо солени ф’стаци, а идеално е да се комбинираат со овошје богато со влакна и антиоксиданти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот