Каратистот на „Макпетрол“, Петар Спасеновски

Каратистите на Макпетрол ќе учествуваат на светската лига во Египет

Македонија на светската Карате 1 Премиер лига во Каиро, Египет, ќе ја претставуваат репрезентативците Петар Спасеновски (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84 кг), кои се членови на карате-клубот „Макпетрол”.

Спасеновски e стандарден македонски репрезентативец, повеќекратен европски и светски медалист, додека Стојановиќ минатата година ја заврши како најдоброрангиран на светската ранг листа за У21, со освоен бронзен медал од официјалното Светско првенство за помлади сениори (У21) и златен медал од младинската Светска премиер лига во Венеција, Италија.

Македонските каратисти во машка конкуренција се единствените што обезбедија норма за да бидат во најдобрите ТОП 32 рангирани каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што е предуслов за учество во Карате 1 Премиер лигата во Египет.

Спасеновски и Стојановиќ ќе ги предводи тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски, кој поради повреда нема да учествува во Египет иако и тој е во Топ 32 на Светската ранг-листа. Карате натпреварите во Каиро ќе се одржат од 18 до 20 април.

На Премиер лигата настапуваат Топ 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група, а само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето. Светската Карате 1 Премиер лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти.

Во Каиро ќе учествуваат 376 елитни спортисти од 65 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот