
ФОТО | Канје Вест објави маица со свастика: Ова е моето најголемо уметничко дело досега
Канје Вест уште еднаш предизвика лавина реакции откако сподели фотографија од маичка со свастика на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), тврдејќи дека сакал да „направи маица со свастика“ со години.
Препорачано
„Ова е моето најголемо уметничко дело досега“, рече тој. На кошулата стои натписот „HH“, за кој многумина веруваат дека е упатување на фразата „Хајл Хитлер“.

Неговата објава досега ја погледнале повеќе од осум милиони луѓе, а контроверзниот рапер се соочи со бројни критики. „Целосно си ја уништи репутацијата“, „Те молам немој“, „Човеку, твоите деца сега би биле толку разочарани од тебе“, „Ми недостига стариот Канје“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, Канје претходно тврдеше дека е „нацист“ и дека „го сака Хитлер“. Потоа им се заблагодарил и им ја изразил својата љубов на „другите рапери, црнци, геј луѓе, Евреи, геј Евреи, геј еврејски рапери, интернет тролови и невродивергентни луѓе“. Тој му упати посебна благодарност на Илон Маск. Завршил пишувајќи дека „всушност му се допаѓаат сите, особено дебелите жени“.
CALL ME YAYDOLF YITLER AND YOUR BITCH STILL WANTS TO FUCK
— ye (@kanyewest) February 7, 2025
Патем, раперот во претходниот испад рече дека го повлекува своето извинување од 2023 година за антисемитските изјави. „Никогаш нема да се извинам за моите коментари за Евреите“, напиша тој, меѓу другото, во серијата објави од четврток навечер до петок наутро. Некои објави се скриени поради правилата на Икс бидејќи се оценети како „навредливи“.
Овие изјави се во целосна спротивност со неговото извинување од 2023 година, кога тој се обиде да ја поправи штетата откако беше критикуван за серија антисемитски и пронацистички коментари. Потоа, пишувајќи на хебрејски, изразил жалење, велејќи дека „немал намера никого да навреди или понижи“ и дека „длабоко жали ако некому предизвикал болка“. Но, сега тој тврди дека повеќе не стои на тие зборови.