
Канје Вест му се закани на Пит Дејвидсон – со стихови во новата песна!
Се чини дека на Канје Вест не му е баш сеедно за гласините кои се шират и ја потврдуваат за новата врска на неговата отуѓена сопруга. Јасно е дека Пит Дејвидсон сега не му е омилен лик. Но, додека Је не успева да го контролира својот гнев и удира тупаници на здодевни фанови, прашањето е – дали сериозно да се сфати заканувачката порака која тој ја упатува кон ѕвездата од „SNL“ во неговата нова песна.
Препорачано
Је го споменува Пит во неговата нова песна со „The Game“ наречена „Eazy“, од која протече фрагмент во Интернет просторот. Од она што може да се чуе и разбере во неа Канје директно говори за неговите чувства кон новото момче на Ким Кардашијан.
„Господ ме спаси од несреќата, само за да можам да го претепам Пит Дејвидсон“, рапува Је во новата песна „Eazy“
View this post on Instagram
Протечениот клип звучи прилично грубо, и направи фановите уште повеќе нетрпеливо да го очекуваат неговото објавување вечерва, но секако е можно Канје всушност да го отстрани стихот во финалната верзија – особено откако е познато дека тој прави промени во последен момент.
Обожавателите шпекулираат дека синглот ќе се најде на албумот „Donda 2“ и „Drillmatic“ на Гејм… бидејќи и двајцата рапери го објавија клипот.
Сега, дури и ако Је ја отстрани линијата, фактот дека тој дури и го снимил ова кажува многу за неговите чувства за Ким, и за тоа како секој од нив продолжува по финализирањето на бракот.
View this post on Instagram
По неодамнешното заедничко излегување на Ким и Пит додека вечераа пица во Лос Анџелес и се честеа сладолед за десерт, се чини дека двојката е многу поблиска.
Се разбира, Је исто така многу јавно зборуваше за неговата врска со Џулија Фокс… тие беа излезени во средата вечерта во Холивуд со бројни пријатели на Канје, меѓу кои и Мадона, па дури и се бакнуваа пред ројот папараци.
View this post on Instagram
Но, само неколку часа подоцна нешто или некој го навредил, а тој наводно удрил обожавател кој се обидел од него да добие автограм пред неговиот хотел во Лос Анџелес.
Настанот е моментално под истрага од полицијата од Лос Анџелес, а официјалната информација, како и новата песна сосе сите интригантни финални стихови, се во исчекување.
View this post on Instagram