Каналите и езерцата во Градски парк повторно наполнети со вода

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

После повеќе од еден месец чистење, каналите и езерцата во Градски парк се повторнонаполнети со вода. Езерцата и каналите беа целосно испразнети и од нив се чистеа насобраните лисја, мил и наноси од отпадоци. Поткастрени се и гранките од дрвјата кои надвиснуваа во водата.

Од ЈП „Паркови и зеленило, апелираат до граѓааните да внимаваат на хигиената.

Апелираме до сите посетители на Градскиот парк да не фрлаат отпадоци во езерцата и да го почитуваат комуналниот ред, велат од претпријатието.

 

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот