Фото: CBS News/Принтскрин

Канадски забавен парк ќе убие 30 бели китови ако не добие пари од владата

Канадски забавен парк соопшти дека нема да има друг избор освен да евтаназира 30 бели китови ако федералната влада не обезбеди итна финансиска помош до крајот на вторникот, објави „Си-би-ес њуз“.

„Маринленд“, зоолошка градина и забавен парк кој е под силна критика заради третманот на заробените животни, минатата година беше затворен за јавноста и наводно се обидува да ги продаде своите средства оттогаш. Сè уште ги поседува последните заробени китови во Канада, тврдејќи дека веќе нема ресурси за грижа за животните.

Овој месец, Канада го одби барањето на паркот за испраќање на китовите во Кина. Министерот за рибарство, Жоан Томпсон, изјави дека извозот „би го продолжил третманот што овие белуги го издржале“.

Според канадските медиуми, 20 китови, еден орка и 19 бели китови, познати и како китови белуги, починале во „Маринленд“ од 2019 година. Токму во таа година канадскиот парламент го усвои законот, кој подоцна стапи во сила, со кој стана нелегално да се држи кит, делфин или морска свиња во заробеништво – казниво со парични казни до 150.000 долари.

Инспекторите претходно утврдиле дека сите животни во „Маринленд“ страдаат поради лошиот квалитет на водата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот