Кампања за изборите во САД: Бајден и демократите собраа донации од 364,5 милиони долари во август

Фото: EPA-EFE/DNCC

Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп и републиканците соопштија дека во август собрале 210 милиони долари помалку од Џо Бајден и демократите кои за минатиот месец се пофалија со донации од 364,5 милиони долари.

Собраните износи се рекордни за двајцата кандидати за претседател на САД, пренесуваат тамошните медиуми. Бајден и неговата Демократска партија во минатата недела го објавија конечлниот износ на донации, биланс што претставува рекорд на месечно ниво на кој било претседателски кандидат во американската историја.

Кампањата на демократите во јули привлече 140 милиони долари, а финансиски најтешката поединечна трансакција, според „Њујорк тајмс“, изнесувала 710.300 долари. Трамп, пак, во јули собра донации во вредност од 165 милиони долари.

Вкупниот рекорден износ на собрани донации на месечно ниво досега го држеше Барак Обама чија кампања во септември во 2008 година прибра 193 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот