Камила, сопругата на кралот Чарлс III, се огласи за првпат по смртта на кралицата Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE

Камила за првпат проговори по смртта на кралицата: Таа беше осамена жена…

Камила, сопругата на кралот Чарлс III, за првпат проговори по смртта на кралицата Елизабета Втора.

„Таа засекогаш ќе биде дел од нашите животи. Имам 75 години и не можам да се сетам дека некој друг беше овде освен кралицата. Сигурно ѝ било многу тешко, таа беше осамена жена. Тогаш немаше премиерки или претседателки. Таа беше единствената и мораше сама да си ја обликува улогата“, изјави Камила, пренесуваат британските медиуми.

кралица елизабета втора
Кралицата Елизабета Втора и Камила / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Камила ја опиша кралицата како „осамена жена која мораше да ја обликува својата улога во свет со кој владеат мажи“ додавајќи дека вечно ќе ги памети очите и насмевката на кралицата.

„Таа ги имаше тие прекрасни сини очи кои го осветлуваа нејзиното лице штом ќе се насмееше. Секогаш ќе ја паметам нејзината насмевка. Таа насмевка е незаборавна“, додала Камила чиј прв говор по смртта на кралицата Елизабета во целост ќе го пренесе Би-Би-Си.

Камила испишува историја

Во изминатите 17 години откако Камила и принцот Чарлс се венчаа, преовладуваше мислењето дека Камила нема да ја земе титулата кралица и дека на денот кога Чарлс ќе стане крал, таа ќе ја преземе титулата принцеза, но, покојната кралица Елизабета одлучи поинаку и на 70-годишнината од нејзиното владеење објави дека Камила сепак ќе стане кралица на Чарлс.

Одлуката Камила да биде „само“ принцеза на денот кога Чарлс ќе стане крал беше донесена поради атмосферата која владееше околу неа речиси 40 години. Законски, на Камила ѝ припаѓаше и титулата принцеза од Велс, но таа не ја користеше.

Camilla, Queen Consort
Кралот Чарлс III и неговата кралица, Камила / Фото: EPA-EFE/JON ROWLEY

Кралското семејство правилно проценило дека јавноста лошо ќе реагира на тоа Камила да ја земе титулата на покојната принцеза Дијана, за која Британците тагуваат и 25 години по нејзината смрт. Покрај тоа, Камила со години се смета за одговорна за колапсот на бракот на Дајана и Чарлс.

Таа влегува во историјата како првата кралица која зад себе ги оставила поранешниот сопруг и децата од првиот брак. Камила родила две деца, Том и Лора, во бракот со Ендрју Паркер Боулс. Тие двајца нема да добијат никакви титули или улоги во кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот