Како вработен во париската полиција станал радикален исламист?

Франција полиција/Фото: Принтскрин

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер го признал неуспехот, бидејќи полицијата не ја препознала радикализацијата на напаѓачот со нож во Париз, пред тој да избоде четири лица.

Во четвртокот, вработен во полицијата на Париз уби четири колеги во градското седиште на полицијата, пред тие да го совладаат и да го убијат.

Имало неколку очигледни слаби точки, рекол Кастанер за телевизијата ТФ1, но го одбил барањето за поднесување на оставка.

Осомничениот претходно контактирал со членови на ултраконзервативното исламско салафистичко движење, кажал во саботата главниот истражител кој работел на случајот Жан-Франсоа Рикар.

Тој преминал на ислам пред десет години

Напаѓачот на ислам преминал пред отприлика 10 години, кажал тој на конференција за новинари во Париз.

Кастанер рекол дека досието на осомничениот не упатувало на радикализација.

Опозициските политичари го обвиниле министерот дека ги задржал информациите за тоа дека осомничениот можеби бил радикализиран.

Го подржал нападот на „Charlie Hebdo“

По податоците што ги изнеле истражителите кои се занимаваат со противтероризам, напаѓачот уште во 2015 искажал подршка на нападот на сатиричниот магазин Charlie „Hebdo“, рекол Кастанер.

Францускиот премиер Ебоуард Филипе за „Le Journal du Dimanche“ рекол дека Франција планира да подигне две истраги како одговор на нападот во четвртокот – една ќе се однесува на полициските сили во главниот град, а другата ќе се занимава со истрага на разузнавачките агенции, кои се одговорни за борба против тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот