Фото: Профимедиа

Како се прави домашен хумус? Направете здрав намаз од наут

Леблебијата е чудотворна мешунка која е богата со протеини, влакна и витамини и дефинитивно треба што почесто да ја вклучувате во вашето мени. Таа е една од главните состојки на сѐ попопуларниот намаз од хумус, кој од арапската кујна се прошири речиси во целиот свет.

Хумусот по овој рецепт се прави многу брзо, бидејќи се користи конзервирана леблебија која не мора да ја натопите преку ноќ, туку е подготвена за употреба веднаш.

Состојки:

– 1 конзерва наут
– 50 милилитри маслиново масло
– 50 грама семе од сусам
– 2 чешниња лук
– сок од половина лимон
– сол

Подготовка:

Наутот процедете го, но зачувајте ја течноста од конзервата. Ставете го во блендер заедно со сусам, маслиново масло, ситно сечкан лук, сок од лимон и зачини. Измешајте сè со најголема брзина за да добиете компактна смеса. Ако е премногу густа, додадете малку од течноста во која била леблебијата. Доколку е потребно, додадете уште зачини и уште еднаш измешајте сè. Префрлете во сад и послужете. Ако ви останало од намазот, покријте го со фолија и чувајте го во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот