Како литиумот ја подигна тензијата во светот: Протести поради рудниците од Аргентина до Србија

Литиум батерии EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Цените на литиумот, компонента на батериите за електрични возила, годинава достигнаа рекордни цени . Потрагата по овој минерал е во тек низ целаиот свет , но и се одржуваат масовни протести во земјите каде се истражуваат наоѓалиштата на литиумот кои често преминуваат во насилни.

Литијум батерии за возила EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

 

Освен во Србија, каде што беа организирани масовни протести поради проектот Рио Тинто, кој го принуди претседателот Вучиќ да се повелече од намерите , протести беа организирани и во земји како Боливија, Чиле, Перу, Шпанија, Аргентина, сојузната американска држава Невада и во Португалија

Фабрика за литиумски батерии EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

 

Португалија

Се верува дека Португалија се наоѓа на некои од најголемите наоѓалишта на литиум во Европа. Португалската енергетска компанија Галп и шведскиот производител на батерии за електрични возила Нортволт најавија заедничка компанија која ќе се гради во Португалија. Како што велат, тоа ќе биде најголемата фабрика за конверзија на литиум во Европа.

Но, локалното население се противи на оваа инвестиција вредна дури 700 милиони евра. Иако се работи за многу пари, стравуваат дека со преработката на литиум ќе се уништи животната средина и ќе се контамиора почвата каде најголем дел од жителите се занимаваат со производство на органски производи.

поранешен престедател на Бориливија Ево Моралес  EPA-EFE/Paolo Aguilar

Боливија

Во Боливија, водечките кинески, руски и американски компании се борат за огромните наоѓалишта на литиум во таа земја. Високо на Андите се наоѓаат огромни полиња со сол наречени Салар де Ујуни, кои се богати со литиум.

Во прашање се милијарди долари, но беа организирани големи демонстрации кои ја парализираа земјата, а во еден момент поради сето ова од Боливија избега поранешниот претседател Ево Моралес кој потпиша договор со германска компанија за производство на литиум. Ова доведе до серија протести и големо незадовлство кај граѓаните на Боливија.

фабрика за литиумски батерии EPA/FILIP SINGER

Соединетите Американски Држави (Невада)

Во САД, најголемата перспектива за литиум е големото наоѓалиште на Такер Пас во Невада, а друго место каде што се наоѓа литиумот е во Северна Каролина. Во јануари, Бирото за управување со земјиштето на САД го одобри предлогот за започнување со ископ на литиум од корпорацијата Литиум Невада, подружница на корпорацијата Литиум Америкас.

Еколошките групи и индијанските племиња се противат на проектот бидејќи се загрижени за уништувањето на гробниците на нивните предци , но и за потенцијалното влијание врз животната средина. Три племенски групи се обиделе да ја спречат иницијативата преку тужби, кои судот ги отфрлил.

протести поради литиусмки ископувања EPA-EFE/Paolo Aguilar

Шпанија

Шпанија беше во фокусот на литиумот во текот на летото поради регионот Екстремадура. Овој регион помеѓу градовите Касерес, Мерида и Бадахоз е познат по својата недопрена природа, но се најде и во фокусот на производителите на батерии.

Со иницијатива на граѓаните во Екстремадура веќе е спречен стартот на рудникот кај Касерес. Протестите потоа беа преместени во Кањаверал. Жителите стравуваат дека Екстремадура, која е ретко населена, може да стане мета на сите оние кои сакаат да го искористат литиумот.

ископување  на наоѓалиште на литијум EPA-EFE/AARON UFUMELI

Чиле

Во септември оваа година, група на чилеанските домородни заедници побараа од властите да ги суспендираат дозволите за работа на SQM, што е кратенка за Sokuimic, кој е втор најголем светски производител на литиум, а работи во пустината Атакама.

Пустината Атакама обезбедува речиси една четвртина од литиумот во светот. Двата најголеми производители на литиум SQUM и неговиот конкурент Albermarle работат овде. Домородниот совет побара суспензија на SQM или намалување на нивната работа. Тие се загрижени за екосистемот во Атакама, кој е во опасност поради експлоатацијата на литиумот.

наоѓалиште на литиум EPA-EFE/AARON UFUMELI

Перу

Огромното наоѓалиште на тврд литиум може да донесе богатство во Перу, но исто така предизвикува еколошки прашања. Се проценува дека 2,5 милиони тони литиум карбонат се откриени длабоко во јужниот регион на Перу, Пуно, во близина на границата со Боливија и езерото Титикака.

Во последните 15 години, има зголемување на комерцијалната експлоатација на суровини во Латинска Америка. Во 2018 година, беше разговарано дека мегапроектот за литиум ќе го зголеми ризикот од конфликт поради спорови околу прераспределбата, територијата и животната средина.

наоѓалиште на литиум EPA-EFE/AARON UFUMELI

Аргентина

Аргентина го одобри новиот Закон за зонирање, за кој активистите тврдат дека е начин да се одобри „мега рударството“, кое ќе влијае на животната средина во таа област, но и во целата земја.

Иницијативата, на која се спротивставија широки сектори на локалното општество и ја критикуваа водечките национални експерти, ќе овозможи експлоатација на сребро, бакар, литиум и оловни метали во областите на покраината, вклучувајќи ги Телсен и Гастре.

По усвојувањето на спорниот закон, дојде до инциденти меѓу демонстрантите и полицијата во главниот град на провинцијата Росон.

Србија протести против рудникот Рио Тинто  EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Србија

За неколку месеци од откривањето на плановите за рудник од 2,4 милијарди долари во западна Србија, локалните граѓани организираа движење што ја потресе владата и ги одведе луѓето на улиците на многу градови низ земјата. Властите подоцна го суспендираа планот за користење на земјиштето за предложениот рудник, иако не го отфрлија целосно проектот, пишува Блумберг.

За да ги смири критичарите, српската влада понуди референдум за рудникот, но тој исто така стана контроверзен, при што опозицијата рече дека неодамнешните законски ревизии ја префрлија вагата во корист на владата и Рио Тинто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот