
Како да се две различни личности: Мажите љубезни во јавност, а злобни приватно покажуваат карактеристично однесување
Често во друштво се вистински џентлмени – љубезни, дарежливи и сочувствителни. Но, зад затворени врати го покажуваат своето вистинско лице, стануваат злобни, критички настроени и нељубезни. Тие се мајстори на маскирање, но мажите кои се љубезни во јавност, а злобни приватно имаат препознатливи обрасци на однесување. Тие мали знаци може да ни помогнат да го препознаеме „волкот во јагнешка кожа“, пишува „Е-клиника“.
Препорачано
Непредвидливо однесување
Не е невообичаено луѓето да се однесуваат различно зависно од околината. Но кај овие мажи, разликата често е драстична. Во јавност се шармантни, пријателски настроени, дури и душа на забавата, секогаш со насмевка или убав збор.
Сепак, кога ќе останете насамо со нив, тие се менуваат. Стануваат критички, ладни и омаловажувачки. Љубезноста и топлината што ја шират пред другите исчезнуваат, заменети со грубост.
Доследноста е клучна кај искрените луѓе, а ваквата недоследност открива многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед.
Претерано критички приватно
Тој е харизматичен, полн со шеги и комплименти, олицетворение на љубезност во јавност. Но, кога сте сами со него, ги критикува вашите избори – од облеката, до животните одлуки. И уште полошо, критиката не е конструктивна, туку злобна и повредувачка.
Можеби прво ќе си речете дека имал тежок ден, но со текот на времето ќе сфатите дека тоа е шаблон. Ги потценува вашите достигнувања и се потсмева на вашите амбиции. А пред другите – ве фали и ве бодри.
Недостаток на емпатија
Емпатијата, способноста да се разберат и споделат чувствата на другите, е основа на здрави односи. Но, кај мажите љубезни во јавност, а злобни приватно, таа често недостасува.
Истражување објавено во „Журнал оф персоналити енд сошал псајколоџи“ покажува дека овие личности имаат понизок степен на емпатија. Во јавност можат да глумат грижа и разбирање, но приватно нивната вистинска незаинтересираност за чувствата на другите излегува на виделина. Вашите емоции не им се важни, ги игнорираат вашите грижи или ги омаловажуваат.
Потреба за контрола
Контролата е уште еден суптилен, но важен знак. Во јавност се опуштени и флексибилни. Дури може да ви остават простор да одлучувате, за да покажат почит. Но, приватно ќе ја наметнат својата волја. Од избор на филм до ресторан, тие ќе инсистираат на своите предлози, а вашето мислење ќе биде игнорирано или минимизирано. Ќе ве убедат дека тие „знаат подобро“.
Ова однесување лесно може да се занемари, но е силен сигнал за вистинскиот карактер. Вистинската љубезност почитува граници и го вреднува вашиот глас.
Ве тераат да се сомневате во себе
Сите го сакаат – шармантен е, учтив и внимателен во јавност. Но, приватно, суптилно ве тера да се сомневате во себе. Ќе ги доведува во прашање вашите одлуки на фин начин, правејќи да се чувствувате како секогаш да грешите. Ќе почнете да се преиспитувате, да се сомневате во сопствените избори и способност.
На почетокот ќе мислите дека проблемот е кај вас. Но, со текот на времето ќе сфатите… неговото поткопување ве натерало да изгубите самодоверба. Вистински љубезна личност никогаш нема да ве натера да се чувствувате безвредно или несигурно.
Избегнување на одговорност
Овие мажи често одбиваат да преземат одговорност за своите постапки. Ако ве навредат кога сте сами, подоцна ќе го минимизираат тоа или ќе кажат дека сте „пречувствитрелни“. Ќе ја префрлат вината на некој друг или на околности.
Ова одбивање да прифатат одговорност ве остава со чувство дека не ве слушаат и не ве ценат. Тоа е доказ дека нивната љубезност е само маска под која се крие злоба.
Покажуваат непочитување
Најголемиот показател за ова однесување е недостатокот на почит. Почитта е темел на секоја здрава врска. Без неа, љубезноста е само театар.
Секој заслужува да биде третиран со почит, и јавно и приватно. Вашата вредност не зависи од тоа како некој се однесува со вас кога нема сведоци. Вие заслужувате почит секогаш.