
Како да препознаете лажливец? Овие 15 знаци несомнено ќе го разоткрие
Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, откри суптилни знаци кои укажуваат на тоа дека некој ве лаже. Истражувањето на „Уан пол“ покажа дека Британците ги кријат своите вистински чувства дури трипати неделно.
Препорачано
Анкета спроведена на 2.000 возрасни лица покажа дека 34 отсто од Британците сметаат дека имаат врвен „покер фејс“ (израз на лицето кој ништо не открива), додека 25 отсто се убедени дека луѓето ретко можат да препознаат кога не се искрени, пишува „Експрес“.
Од друга страна, две третини од луѓето мислат дека можат да препознаат кога некој лаже, а премногу или премалку контакт со очи, нервозна смеа и немирно однесување се клучни знаци. Потоа следат поинаков тон на гласот, црвенило и потење.
Експертот Џуди откри дека овие знаци не значат секогаш дека луѓето лажат. Всушност, може да биде и спротивното.
„Говорот на телото не е прецизна наука и важно е да се биде свесен за она што се нарекува ‘Грешка на Отело’, каде што она што го сметаме за особини на лажење, всушност се симптоми на искрена личност која се чувствува под притисок да ѝ се верува. И лажењето и докажувањето на искреноста можат да предизвикаат стресна реакција која може да се појави како идентична невербална сигнализација“, појаснила таа.
„ТВ емисиите како ‘Предавници’ совршено го покажуваат тоа. Луѓето кои се обидуваат да докажат дека им се навистина верни на другите натпреварувачи, честопати ќе изгледаат повиновни од лажните предавници“, рекол експертот.
Две третини од Британците веруваат дека е клучно да ги кријат своите емоции во јавност за да избегнат конфликти и да спречат непријатни ситуации. Додека некои го прават тоа за да ги поштедат нечии чувства, многумина одржуваат професионална фасада, а 28 отсто најверојатно ќе ги потиснат своите вистински емоции во работната средина.
Џуди откри 15 најчести особини на лажгото:
Невербална девијација: За да разоткриете лажго, прво набљудувајте го како ја зборува вистината. Нека тоа ви биде основа според која ќе можете да забележите промени и отстапувања.
Насока на очите: Често гледаме лево за да се сетиме, а десно за да измислиме нешто.
Начин на зборување: Лажговците често прават долга пауза пред да одговорат на прашањето и паузираат за време на говорот, го повторуваат вашето прашање, ги повторуваат фактите за време на одговорот, претерано голтаат или кашлаат.
Физиолошки реакции: Се забрзува работата на срцето што може да предизвика отежнат тон на гласот, потење, црвенило, немирно однесување, забрзано трепкање и пораст на тонот на гласот.
Нескладен говор на телото: Движењата на рацете и нозете кои се во спротивност со зборовите може да сигнализираат лага.
Грандиозни реакции: Лажгото често ќе се брани со создавање на состојба на авторитетна, самобендисана агресивна возбуда за да се обиде да заплаши, вклучувајќи исправање на телото до целосната висина, користење на показалецот за покажување и превртување со очите.
Ритуали на заштита: Лажгото често ќе се обиде да се брани, што може да се појави како ритуали на создавање бариера како прекрстување на рацете, кревање на едно рамо или ритуали на негирање со одмавнување со главата.
Гестови на самоутеха: Гестови на автоматски контакт како допирање на лицето, косата или вратот можат да покажат желба за соочување со непријатноста од притисокот на лагата, или може да забележите повеќе немирно однесување со рацете или нозете.
Вештачка насмевка: Многу лажговци вложуваат дополнителен напор за да ја надминат мускулната напнатост, што доведува до крута, претерана, невесела насмевка.
„Играње“ со очите: Ако ги фати паника додека се обидуваат да ја обликуваат лагата, очите на лажгото може да почнат да лутаат низ просторијата.
Укажување на искреност: Дискурсните ознаки (повторување на зборови, звуци или фрази без значење) често ќе се зголемат за време на лага, како што се „хм“, „ах“, „како“, „значи“, „главно“ или „знаеш“ кои се користат за пополнување на паузи додека некој размислува или е нервозен.
Гестови кои укажуваат на искреност: Лажгото ќе ги рашири рацете од лактите додека глуми отвореност или искреност, често кревајќи ги и рамената.
„Покер фејс“: Мирноста е често опција за лажгото, кое може да усвои неутрален, безличен израз на лицето и да се обиде да ги сведе сите движења на минимум за да не изгледа виновно.
„Намерно“ откривање: Додека ве лажат, тие исто така ќе ја предадат таа своја игра со дрска, асиметричена насмевка или потсмев што сугерира дека и вие треба да уживате во блефот.
Доцнење на гестовите: Во нормален разговор, гестовите ќе се појават непосредно пред зборовите, но кога некој лаже, тој редослед често ќе биде обратен.