На денешен ден – 25 септември

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1493.- Шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофор Колумбо исплови од пристаништето Кадис на второто патување во Новиот свет, кој го откри во 1492 година.

1513.- Шпанскиот истражувач Васко Нуњез де Балбо го помина Панамскиот канал и стана првиот Европјанин кој го виде Тихиот Океан.

1555.- Со мирот во Аугзбург германските протестантски земји правно се изедначени со римокатоличките држави.

1744.- Роден е прускиот крал Фридрих Вилхелм II, кој во текот на владеењето од 1786 до смртта во 1797 година спроведувал политика на територијално проширување на земјата.

1825.- Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, е пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железниците не само во Верлика Британија туку и во светот.

1849.- Во Виена умре Јохан Штраус постариот, австриски композитор, татко на популарните виенски композитори Јохан, Јозеф и Едуард. Покрај Ленар, тој е најзаслужен за популарноста на виенскиот валцер во почетокот на 19. век. Роден е во Виена, на 14 март 1804 година.

1866.- Роден е американскиот биолог и генетичар Томас Хант Морган, основач на генетиката, добитник на Нобеловата награда за мир  во 1933 година за откривање на функцијата на хромозомот во пренесување на наследните својства.

1866.- Роден е италијанскиот државник Алесандро Пертини, претседател на Италија од 1978 до 1985 година, најпопуларен италијански политичар по Втората светска војна. Во 1918 година стана член на италијанската Социјалистичка партија, повеќе години помина во фашистички затвори, а во Втората светска војна учествуваше во движење на отпорот. Пертини потоа беше пратеник и сенатор.

1897.- Роден е американскиот писател Вилијам Фокнер, добитник на Нобеловата награда за литература во 1949 година. Дела: „Сарторис“, „Светлина во август“, „Комарци, „Диво племе“, „Старец“ и други.

1903.- На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, четите на македонските војводи Апостол Птков и И. Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 загинати, а тие самите дадоа само една жртва.

1906.- Роден е рускиот композитор Дмитрија Дмитријевич Шостакович, член на Српската академија на науките и уметностите. Ја напиша монументалната „Петта симфонија“, а во најтешките денови на германската блокада на Ленинград во Втората светска војна „Седма (Ленинградска) симфонија“. Останати дела: „Нос“, ораториумот „Шумите пејат“, симфонии, концерти, камерна музика.

1932.- На шпанската покраина Католонија и е дадена автономија.

1940.- Во Норвешка на власт дојде квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Вудкун Квислинг кој учестуваше во германската агресија на Норвешка во 1940 година, по што се прогласи за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.

1943.- Црвената армија во Втората светска војна го ослободи Смоленск, еден од последните значајни упоришта на германските нацистички сили на територијата на СССР.

1943.- Во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и Струшко.

1946.- Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво “Кочо Рацин”. Друштвото го формира Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.

1956.- Во употреба е пуштен првиот трансатлантски телефонски кабел, поставен помеѓу Обен во Шкотска и Њуфаундленд во Канада.

1959.- Врз цејлонскиот премиер Соломон Бандаранајке во Коломбо е извршен атентат од еден будистички калуѓер. Претседателот на цејлонската влада еден ден потоа им подлегна на повредите.

1960.- Во Охрид почна снимањето на „Мирно лето“, прв долгометражен филм во режија на македонски автор, режисерот Димитрие Османли, а во продукција на „Вардар филм“. „Мирно лето“ истовремено е и првата и долго време единствена филмска комедија во Македонија.

1963.- Војската во Домениканската Република ја собори либералната влада на Хуан Бош, која беше формирана седум месеци пред тоа.

1970.- Умре Ерух Марија Ремарк, германски писател, голем противник на војната и на нацизмот. Во 1932 година од Германија емигрира во Швајцарија, а потоа во САД. Се прослави уште со својот прв роман “На запад ништо ново”, во кој прикажа еден период од Првата светска војна. Други негови дела се “Тројцата воени другари”, “Триумфална порта”, “Искра на живот” и други дела. Роден е во 1898 година.

1972.- Премиерот Какуе Танака допатува во Пекинг како прв шеф на јапонска влада кој по Втората светска војна стапна на тлото на Кина.

1973.-  Американскиот вселенски брод „Скајлаб 2“ се спушти на Пацификот со тричлен екипаж, кој помина 59 дена околу Земјата.

1978.- Врз Сан Диего американски патнички авион „Боинг 727“ се судри со помал авион. Притоа, загинаа 137 патници и членови на екипажот, како и 14 луѓе на земјата.

1992.- Москва и Вашингтон дозволија слободно патување на руски и американски новинари и бизнисмени кои работат во Русија, односно во САД.

1994.- Швајцарците на референдум го одобрија планот на владата за донесување закон против расизмот.

1997.- Британски суперсоничен автомобил во Невада постави нов светски рекорд на тлото од 1.142 килметри на час.

1998.- Во Скопје умре д-р Ангел Симов, редовен професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје и еден од основачите на овој Факултет. Роден е во 1934 година.

1999.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на дневниот весник „Скок“.

2000.- Во Скопје, првпат од отворањето на Центарот за трансплантација при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања на коскена срцевина во Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот