брус вилис
Фото: Profimedia

Како Брус Вилис сними 22 филма за три години покрај проблемите со говорот?

Холивудскиот актер Брус Вилис, по повеќедецениска плодна кариера, беше принуден да се пензионира, поради болеста афазија. Во март 2022 година, неговото семејство објави дека тој ќе се повлече од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на способноста на една личност да комуницира, пишува „Марка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Медиумите објавија сведоштва на соработници и сведоци од снимањето, кои објаснуваат како Вилис во последните три години од кариерата успеал да сними дури 22 филма во таква состојба. Филмовите што Вилис ги сними во последниве години беа со просечен квалитет.

Според соработниците, ѕвездата на акционите филмови имала големи проблеми со пукањето со пиштол на снимањето, а своите реплики ги кажувал така што некој му ги читал преку слушалките што ги имал во уво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Минатата година неговите менаџери се погрижиле снимањето да не трае подолго од два дена и само по четири часа, бидејќи неговото здравје почнало да се влошува, пишува „Daily mail“.

Џеси В. Џонс, режисерот на филмот „Белиот слон“ од 2022 година, кој работеше со Брус додека тој сè уште беше каскадер, рече дека за време на снимањето состојбата на Вилис била таква што тој постојано ги прашувал луѓето околу него што прави и зошто е таму.

Неодамна семејството на Брус Вилис откри дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) – помалку од една година откако се повлече од актерството поради неговата борба со мозочното нарушување, афазија.

Повеќе на темата:

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

Што е афазија, тешката болест поради која Брус Вилис се повлече од актерството?

„Љубовта на мојот живот“: Сопругата на Брус Вилис раскажа како се вљубила во актерот

Изгледа изморено и збунето: Брус Вилис фотографиран на улиците на Лос Анџелес

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!