Кај Богданци откриени 86 мигранти

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран”, синоќа во 23.30 часот кај место викано „Каменот” во Богданци, го лишиле од слобода Д.М. (44) од Скопје, кој е осомничен за криумчарење на мигранти.

Како што информира МВР, при преглед во товарно возило „Сканија” со приколка, кое го управувал Д.М., биле пронајдени 86 мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.

– Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија. Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот