Фото: МВР/Социјални мрежи

Кафеанската тепачка во Капиштец однесе шестмина насилници зад решетки

Како што информираат од МВР, сите учесници претходно се наоѓале во истиот угостителски објект, по што расправијата ескалирала надвор. Полициските службеници од СВР Скопје интервенирале веднаш и ги лишиле од слобода шестмината споменати лица.

Шест лица од Скопје се приведени поради масовната физичка пресметка што се случи синоќа пред угостителски објект на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во скопската населба Капиштец.

Инцидентот се случил околу 20 часот, кога бил нарушен јавниот ред и мир во тепачка меѓу две групи – од едната страна С.С. (23), М.З. (24), А.Ѓ. (42), И.М. (33), М.З. (55) и Б.Р. (29), сите од Скопје, а од другата страна А.М. (40), Т.Д. (41) и М.Е. (45).

Како што информираат од МВР, сите учесници претходно се наоѓале во истиот угостителски објект, по што расправијата ескалирала надвор. Полициските службеници од СВР Скопје интервенирале веднаш и ги лишиле од слобода шестмината споменати лица.

Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци против инволвираните.

ВИДЕО: Голем инцидент вечерва во скопски ресторан, наводно избила масовна тепачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот