Јотова повторува: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари и почитување на историјата

Илијана Јотова, потпретседател на Бугарија/Фото: Скриншот/Bulgaria ON AIR

Политичкото проширување на Европската Унија, вклучително и европската перспектива на Република Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија се во основата на бугарската и европската надворешна политика, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

Јотова во обраќањето во бугарското училиште за политика „Димитар Паница“ порача дека секој којшто сака да биде дел од европското семејство треба да сфати дека тоа не е банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.

„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“, изјави таа.

Според Јотова, успех на бугарската надворешна политика е опстојувањето на бугарската позиција за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

„Тоа е пример како успеваме кога работиме заедно сите институции и политички партии“, додаде таа.

Бугарската потпретседателка уште вели дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан засега и друго основно прашање – Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Тој јазол, како што порача, може да биде одврзан само при јасна перспектива за тие држави, а сигналот треба да дојде од ЕУ, зашто во спротивно тие земји секогаш ќе останат конфликтни точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот