јончевски
Селекторот Александар Јончевски им честита на играчите за борбеноста против Грузија/Фото: КФСМ

Јончевски: Ова не е најдоброто од нас, имавме отворени шутеви и нереализирани шанси

Нашите најдобри кошаркари го претрпеа и четвртиот пораз во квалификациите за Светскиот куп, по вторпат загубија од селекцијата на Грузија.

Александар Јончевски во улога на селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија смета дека скопското издание беше далеку подобро од она на гостувањето во Тбилиси.

Но, останува жал, што не успеавме да одиме до крај, да славиме победа над квалитетниот противник.

– Уште еднаш противникот освои заслужи победа, но и ние имавме одлични моменти во играта, така што не можам да се пожалам. Сакам да им честитам на моите играчи за борбеноста, почитта кон националниот дрес во овој „прозорец“. Можам да кажам дека споредено со првиот натпревар имавме подобар одговор на целокупната игра на противникот, иако не можевме да го контролираме скокот од наша страна.

Имавме отворени шутеви и нереализирани шанси, ова не е најдоброто од нас, но не можам да кажам дека не сум задоволен од овие играчи. Имавме само шест поени од клупа, не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро – изјави Јончевски по вториот пораз од Грузија во овие светски квалификации.

Ненад Димитријевиќ ја донесе потребната „разлика“ во нашата игра на вечерашниот натпревар со Грузија, втор во рок од четири дена играч Македонија, а во кој одигравме далеку поквалитетно во најголем дел од средбата.

– Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, против одличен тим. Забележаа некои важни поени во моменти кога им беше потребно, најмногу заслужни за тоа беа Шермадини и Мек Фејден. Тежок момент беше кога сметам дека имаше прекршок, а не беше досуден, по што следеше техничка грешка за мене и 10-0 серија за Грузија – рече Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот