фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Јокиќ, Гилџес-Александер или Адетокунбо: Познато кога ќе биде избран МВП

Долго време се зборуваше за тоа кој ќе биде новиот МВП на НБА лигата, а годинава во трката за признанието има тројца кандидати: Никола Јокиќ, Шеј Гилџес-Александер и Јаднис Адетокунбо.

Многу се зборуваше многу за наградата, и се очекуваше дека трофејот ќе биде доделен за време на плеј-оф серијата помеѓу Денвер и Оклахома, но на крајот, ништо не произлезе од тоа.

Иако веќе се виде дека наградата ќе му биде врачена на Гилџес-Александер, тоа не го видовме, а сега официјално е објавено кога ќе биде избран новиот МВП.

Имено, победникот ќе биде објавен ноќта помеѓу среда и четврток во 01.00 часот по средноевропско време.

Јокиќ досега трипати го добиваше признанието во 2021, 2022 и 2024 година, додека Адетокунбо беше МВП во 2019 и 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот