Јирген Клоп: Најспецијалниот трофеј што некогаш сум го освоил

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ливерпул успеа по 10 пат во својата клупска историја да го освои пехарот во англискиот Лига куп.

Фудбалерите предводени од менаџерот Јирген Клоп на стадионот „Вембли“ во Лондон триумфираа над Челси со 1:0 по продолженијата.

Германскиот стратег Клоп кој ќе ги напушти „црвените“ на крајот од сезоната е среќен поради остварениот успех на неговиот тим:

– Ова е најспецијалниот трофеј што некогаш сум го освоил. Апсолутно исклучително. Посакувам почесто да чувствувам гордост. Вечерва беше огромно чувството, горд сум на сите кои имаа придонес, горд што создадов атмосфера каде што овие момци можат да го прават она во што се најдобри – рече Клоп.

Ливерпул има шанса да дојде до уште два трофеи во Англија, наскоро го очекува меч во ФА купот против Саутемптон во осминафиналето, а моментно води во Премиер лигата со еден бод повеќе од второпласираниот Манчестер сити по 26 одиграни кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот