ВИДЕО: Ливерпул го освои Лига купот откако во финалето го совлада Челси

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Ливерпул во финалето на англискиот Лига куп го совладаа составот на Челси со резултат 1:0.

После регуларните 90 минути немаше погодоци, а единствениот гол го видовме во 118 минута од средбата.

Победата за „црвените“ ја донесе Вирџил ван Дајк во текот на второто продолжение на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Ливерпул е првиот клуб кој успеал да дојде до двоцифрен број на трофеи во Лига купот, вечерва стигнаа до 10 пехар.

Последен пат Ливерпул дојде до титулата во ова натпреварување во 2022 година кога во финалето го совлада истиот противник после пенал серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот