Јавен повик за уметнички концепти за „Бела ноќ 2020“

ЈУ Универзална сала и Град Скопје распишаа јавен повик за доставување предлог-концепти од областа на сите видови уметност за 16-тата манифестација „Бела ноќ“ која ќе се одржи на 26 септември.

Како и во изминатите изданија, и годинава ќе бидат опфатени областите: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност – урбани изведби и перформанси.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, а главни критериуми се квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

-Предлог-концептите треба да бидат адаптирани за на отворено и да бидат во согласност со мерките за заштита од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, наведуваат организаторите.

Заинтересираните за учество треба да достават апликација заедно со кратка биографија, опис на проектот и учесници и финансиска конструкција на проектот. Апликациите треба да бидат пратени најдоцна до 15 септември на адресата: ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака: „За Бела ноќ 2020“, бул. „Партизански одреди“ бр.45 1000 Скопје или на мејлот: [email protected]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот