Јавен повик на Град Скопје за поддршка на проекти од областа на социјална, детска и здравствена заштита

Грб на Град Скопје во салата на Советот на градот | Фото: Град Скопје, 2017 година

Град Скопје објави Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.

Проектите кои ќе бидат поддржани од Градот Скопје треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година: Остварување социјална заштита на лица со попреченост; Остварување социјална заштита на лица кои употребуваат дроги; Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани; Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности и Унапредување на здравствена заштита.

Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и образецот за предлог-проект се достапни на интернет-страницата: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 23 февруари 2022 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот