
Јапонски трик за сушење облека на дождлив ден без употреба на машина: Ќе заштедите куп пари, а алиштата ќе ви бидат суви!
За разлика од вообичаените практики што многу луѓе ги користат за сушење алишта во дождливи денови, како што е ширење во домот покрај радијаторот, во Јапонија го прават спротивното.
Препорачано
Благодарение на посебен трик, сушењето алишта никогаш не било полесно или поедноставно. Јапонците дошле до идеја да ја сушат облеката со ладен воздух. За таа цел користат специјална машина која може да се замени со најобичен вентилатор. Тој троши помалку електрична енергија од машината за сушење алишта, а практично „ја извршува истата работа“.
Зад овој јапонски трик стои Изуми Онуки, експерт во уметноста на сушење. Неговата тајна за дождливите денови е употребата на вентилатор за облека, уред специјално дизајниран за сушење облека во затворен простор.
Во Јапонија се продаваат такви уреди за рамномерно и брзо сушење алишта, без загревање на просторијата или создавање поголема влажност.
Овој уред може да се замени со кој било вентилатор.
Упатства на Јапонците за брзо сушење алишта:
– Раширете ја сушарата и закачете ја облеката хоризонтално.
– Погрижете се местото каде што се закачени алиштата да биде добро проветрено за да се избегне таложење на влага.
– Одделете ја облеката по вид и големина за да го забрзате сушењето.
– Поставете го вентилаторот блиску до вашата облека, внимавајќи да не ја допира.
– Вклучете го вентилаторот и почекајте облеката да се исуши на ладниот воздух.
Овој систем користи мошне помалку енергија од машината за сушење алишта, а притоа го постигнува истиот резултат. Облеката ќе ви се исуши многу брзо.