фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Јаник Синер во финалето против Алкараз на Ролан Гарос

Во второто полуфинале на грен слем турнирот Ролан Гарос во Париз првиот носител на турнирот Јаник Синер со 6:4, 7:5 и 7:6 славеше против Новак Ѓоковиќ во меч кој траеше повеќе од три часа. Синер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз кој претходно излезе како победник во дуелот против Лоренцо Мусети.

Судирот на титаните во полуфиналето започна со тест на силата на двете страни, а се чинеше дека Ѓоковиќ влезе во овој меч добро подготвен. Во петтиот гем Синер имаше брејк-шанса, но потоа топката отскокна незгодно и го спречи српскиот ас да спаси. Италијанецот доби брејк, кој се покажа како клучен за освојување на сетот.

Ѓоковиќ не беше обесхрабрен од губењето на првиот сет, имаше неколку можности за брејк прв, но повторно Италијанецот реагираше прв. Тој направи брејк-поен за 4:3. Сепак, Ѓоковиќ не би бил најдобар на сите времиња туку-така. Кога Јаник сервираше за сетот на 5:4, Ѓоковиќ доби две последователни брејк-топки. Тој го искористи вториот удар и со тоа за прв пат од 2023 година, направи брејк против Италијанецот.

Но, кога помисливме дека Ѓоковиќ е на работ да го скрши Синер, се случи нешто сосема неочекувано. Новак имаше водство од 40:15, одејќи кон тај-брејк, а потоа Синер постигна четири поени и успеа да добие уште една брејк-предност. Во следниот гем, Ѓоковиќ се бореше, успеа двапати да израмни, но повеќе не можеше да го стори тоа. Италијанецот стигнува до 7:5 и огромни 2:0.

Третиот сет беше исклучително интересен и беше фер победникот да се одлучи во тај-брејк. Драма на 5:4 за Ѓоковиќ. Во 10 гем, Србинот стигна до три сет-топки, две израмнети, а потоа и една по предноста. Сепак, Италијанецот не попушти. Успеа да го израмни резултатот на 5:5.

Ни тоа не го поколеба Новак. Беше тај-брејк, а во него – Синер брзо стигна до 3:0. И тогаш се знаеше дека крајот е близу. Ѓоковиќ играше неверојатно и иако загуби, нема за што да жали. Тој е сигурно најдобриот 38-годишник што некогаш играл тенис.

Потоа доаѓа одморот, и она што Новак најмногу го сака – делот од сезоната што се игра на трева. Со ваков терк, титулата на Вимблдон не е далеку. Сонот за 25 Гренд Слем Куп сè уште живее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот