Јагодите ги миете само со вода? Откако ќе го погледнете ова видео сигурно веднаш ќе ја промените таа навика

Повеќето од нас, јагодите ги мијат само со вода. Но, тоа е многу погрешно…

Една корисничка на ТикТок покажа што се излегува од нив, кога правилно ќе ги измиеме.

„После 25 години живот, ТикТок ме научи како правилно да ги мијам јагодите“, изјави Криста Торс која беше шокирана гледајќи ги црвите кои излегуваат од јагодата по 30-минути солена купка во која беа потопени.

„Како вообичано ги миете јагодите? Само во садоперот, зарем не? Така и јас правам, но очигледно дека има мали бубачки во јагодите, изјави таа во видеото.

@callmekristatorres WAIT FOR IT… Still trying to think happy thoughts today. #fyp #foryou #strawberrieswithbugs #bugsinstrawberries #rednoseday #got2bhome ♬ original sound – Krista Torres


Таа наполни сад со вода и во неа додаде сол, па ги остави јагодите во солена купка да стојат половина час.

Снимајќи го белиот црв како ползи по едната јаготка, таа буквално се згрози…

Не е невообичаено во јагодите да се кријат мали црвчиња, со око невидливи, а не само прашина на површината, како што повеќето мислиме.

Лорен Мекензи Гамбрел беше многу скептична во однос на ТикТок трендот, тврдејќи дека „нема шанси“ во нејзините јагоди да има ситни црвчиња се додека не го проба овој трик и се увери дека многу греши.

Еве како таа ги потопила своите јагоди, со цел да исчисти целосно од ситните инсекти. Во сад со вода додадете лажица сол и лажица оцет, потоа оставете ги да отстојат најмалку 5 минути, а потоа под силен млаз вода измијте ги убаво јагодите со цел сите ситни бубачки да паднат од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот